Гаранција

Вашиот часовник купен од Божиновски часовници и накит има гаранција за период од дваесет и четири (24) месеци од датата на купувањето под термините и условите на оваа гаранција. Интернационалната гаранција на производителот ги покрива материјалните и фабричките дефекти кои постојат за време на испораката на купениот часовник („дефекти“). Гаранцијата стапува во сила само ако гаранциското уверение има дата, целосно и правилно комплетирано и со печат од официјалниот Божиновски дилер („важечко гаранциско уверение“). За време на гаранцискиот период и со покажување на важечкото гаранциско уверение, ќе имате право да Ви биде поправен кој и да било дефект бесплатно. Во случај поправките да се несоодветни за воспоставување на нормални услови за работа на Вашиот часовник, Божиновски часовници и накит ја гарантира замената на часовникот со идентични или слични карактеристики. Гаранцијата за заменетиот часовник завршува дваесет и четири (24) месеци од датата на подигнувањето на заменетиот часовник.

Оваа гаранција на производителот не покрива:

  • трајност на батеријата
  • нормално носење, гребење и стареење (на пр. изгребано стакло; промена на бојата и/или материјалот на неметалните ремчиња и белегзии, од кожа, ткаенина, гума; лупење на декоративната прекривка)
  • било која штета на било кој дел од часовникот која резултира од неправилно носење, негрижа, невнимавање, удирање (чукање, вдлабнување, кршење, скршено стакло, итн.), неправилна употреба на часовникот и невнимавање на упатството за работа
  • индиректни или последователни штети од било каков вид кои резултираат од на пр. употребата, нефункционирањето, дефектите или неточноста на часовникот
  • часовник сервисиран од неовластени лица (на пр. за промена на батеријата или поправки) или доколку биле променети првобитните својства надвор од контролата на производителот. Секое понатамошно барање до Божиновски часовници и накит за додатни оштетувања од погоренаведената гаранција итно е исклучено, освен поверените законски права кои може да ги има купувачот кон производителот. Погоренаведената гаранција од производителот
  • е независна од било која гаранција која може да биде дадена од продавачот, за која самиот тој сноси одговорност
  • не влијае на правата на купувачот кон продавачот ниту било кои поверени законски права кои може да ги има купувачот кон производителот

Божиновски часовници и накит сервисната служба гарантира совршено одржување на Вашиот часовник. Ако Вашиот часовник има потреба од сервис обратете се кај официјалниот Божиновски часовници и накит дилер или кај овластениот Божиновски часовници и накит сервисен центар наведен во линкот локации.

*Замена на батеријата. Ви препорачуваме да контактирате со сервисен центар на Божиновски часовници и накит или овластен диструбутер на Божиновски часовници и накит. Тие ги имаат на располагање потребните алатки и уреди за изведување на оваа работа на професионален начин. Празната батерија е потребно да се замени што побрзо, за да се избегне ризикот од нејзино протекување, а со тоа и оштетување на механизмот на часовникот.

SCROLL UP