Комплетен сервис

Создаден да трае со децении, на вашиот часовник му е потребен редовен сервис, а според некое вообичаено правило, комплетен сервис се препорачува на секои 4 до 6 години во зависност од користењето на часовникот. Во рамките на комплетниот сервис предвидени се следните операции:

  • Надворешна контрола на функциите и визуелна инспекција
  • Отворање на куќиште
  • Проверка на работата и функциите на механизмот на вашиот часовник (машинска и визуелна)
  • Расклопување на составни делови на ремче и куќиште
  • Обнова на ремче и куќиште
  • Чистење со помош на ултразвук(1 час)
  • Целосно расклопување на механизмот на составни делови
  • Проверка за оштетени компоненти на механизмот и нивна замена
  • Задолжителна промена на резервни делови според спецификација на производителот
  • Склопување на механизмот и негово подмачкување
  • Замена на круна, копчиња/коректори дихтунзи (доколку е тоа потребно) и батерија кај часовници со кварцен механизам, подмачкување на серпентината кај механички часовници.
  • Регулација на точност доколку е можна
  • Контрола на работата и прецизноста на механизмот
  • Склопување на куќиштето
  • Обнова и проверка на водоотпорноста и погоре споменатите делови и тестирање по највисоки стандарди користејќи најсофистицирани алатки и опрема одобрена од производителите
  • Финална техничка и естетска проверка на функциите и работата на часовникот, според високите стандарди на производителот
SCROLL UP